Нагло заладување и снег – еве од кога

И утре ќе биде облачно со локални врнежи претежно од снег, главно со слаб интензитет.

Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од земјава, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка.

Формирање на мала снежна покривка е можно понекаде и во пониските делови на северот од земјава. Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само на крајниот запад.

Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди, ќе дува умерен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми.

Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во среда доцна попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег.