Најчудниот аеродром на светот: Автомобилите и пешаците чекаат на семафор додека авионот слетува

На светот постојат многу аеродроми, едни се истакнуваат по големината, други по гужвата, трети по начинот на кој се изградени. Но, еден е посебен и единствен – оној на Гибралтар.

Овој аеродром е направен во центарот на градот-држава, а сосема вообичаени се ситуации кога авионите практично слетуваат среде град, додека возилата и пешаците го чекаат својот ред на семафор.

И се` е така уредено, нема инциденти, а жителите навикнале на големите птици на чија бука веќе не се жалат.

Погледнете неколку интересни видеоснимки од најчудниот аеродром на планетава: