Најмив приватен тренер: Ми покажуваше како да подигнам тег и се случи она што не смееше – а сега сум преплашена

Најмив личен тренер, но како што станував позгодна, тој сè повеќе ме привлекуваше. А потоа се случи она што не смееше.

Имам 38 години и омажена сум. Сопругот и јас имаме три деца, стари од 11 до 16 години. Сопругот има 41 година, многу е успешен на работен план и живееме убаво, но мојот живот како домаќинка е ужасно досаден. Толку ми беше мачно што решив малку да се размрдам. Најмив приватен тренер и договорот беше да доаѓа два пати неделно во нашата куќа, секогаш во времето кога сопругот е на работа, а децата во училиште, за да не ми го одзема времето за семејството.

А тогаш на врата се појави тренерот – неверојатно згоден и неверојатно секси. Многу брзо ме донесе во ред и сама се чувствував посексапилно.

Во една прилика кога се приближи до мене за да ми покаже вежба со тегови, се свртив кон него и едноставно се бакнавме. Неколку моменти потоа бевме во кревет.

Сега имаме афера која трае речиси година дена. Мојот тренер инаку има 29 години и девојка, како и бивша жена со која има две деца. Вели дека му здосадила девојката и сексот со неа, но мислам дека тоа го зборува само за да ми даде надеж дека меѓу нас ќе се случи нешто повеќе од секс.

Сите пријателки ми велат да прекинам и да најдам нов тренер но јас го сакам само него. Живеам за деновите кога ќе го видам. Тој ми дава комплименти и внимание што од сопругот веќе никогаш не го слушам. Ми се допаѓа, но се плашам дека ме користи само за секс. Што да правам? – вака гласи прашањето на загрижена читателка упатено до колумнистката на „Сан“, Дирди, а ова е одговорот:

– Сигурно си сама свесна дека прашање на време е кога твојата измама ќе биде откриена, и тогаш ќе се каеш поради сè. Помисли само што ќе биде со децата ако веќе за сопругот не ти е грижа. Мој совет е да му дадеш отказ на својот тренер, и да прекинеш секаков контакт со него. Оди во теретана, а вишокот време пренасочи го во некое волонтирање или слична активност каде ќе им помогнеш на другите, а нема да си наштетиш себе си. Обиди се да ја пробудиш страста во бракот и примени ги тие трикови кои си ги научила во теретана.