Наредниве денови ќе пука сонце, а потоа нов влажен бран – еве и кога

Од утре до среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува кон крајот на работната седмица.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи од 8 со 19 степени.

Во вторник и среда ќе биде сончево и топло со мала облачност. Дневната температура ќе се искачи до 25 степени.

Во среда ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд. Дневната температура ќе се движи од 17 до 23 степени.

Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува кон крајот на работната седмица.