Нашле 90-годишен дедо крај Чернобил. Кога виделе како изгледа се запрепастиле!

Иван Шамјанок (90) живее во селото Тулгович во Белорусија кое се наоѓа на работ на забранетата зона Чернобил. Вели дека тајната на неговата долговечност е фактот што не си заминал.

Тврди дека сите кои избегале, одамна починале. Иван никогаш не го напуштил своето родно место во близина на границата со Украина контаминирано после нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Вели дека тој и неговата сопруга никогаш не ја почувствувале радијацијата.

– Се` е во ред. Неодамна тука дојде лекар и ме прегледа. Ми рече дека се е во ред со мене, вели Иван.

Вели дека во селото живееле неговата сестра и нејзиниот сопруг, но тие си заминале и набрзо умреле.

– Мислам дека тоа е поради стресот. Но јас не патам од стрес. По малку работам во градина, негоаш пеам и никогаш не брзам, вели Иван.

Неговата сопруга починала неодамна, а децата се отселиле. Во селото живеат само Иван и негов внук. Но внукот живее другиот крај.

Иван станува во шест часот, доручкува, а потоа го храни кучето и другите животни. Произведува и јаде храна од својата градина, чува кокошки, свињи и крави, пишува Дејли мејл.