Научниците зачудени: Еве зошто не погоди студен бран и зошто тоа е причина за тревога

Додека Европа е окована од ледениот бран кој го добил името „Ѕвер од истокот“, научниците велат дека температурите на Северниот пол пораснале и за 30 степени, што е повеќе од зимскиот просек за ова подрачје.

Не само што регионите во близина на Северниот пол моментално минуваат низ најтоплиот февруари уште од 50-тите години од минатиот век, туку и метеоролошките станици забележале високи температури 9 дена по ред.

На 25-ти февруари температурите биле над точката на замрзнување константно 24 часа, што, како што велат, е речиси незамисливо во февруари, бидејќи нема сончева светлина која допира до ова подрачје.

Научниците истакнуваат дека ова се случувало и порано, но никогаш често и интензивно како во последните четири години. Причината за ледениот бран е „влез на топлиот воздух“ кој носи голема влага на Северниот пол.

Промената на климата на Северниот пол предизвикала поместување на студениот арктички воздух кон Европа, а тоа лесно може да биде и човечки фактор, односно се почеста последица од наглите климатски промени.

Метеоролошката станица Кејп Морис Џесуп на крајниот север на Гренланд, забележала рекорден 61 час температури над просекот за ова географско подрачје само од почетокот на 2018. година, а тоа се поврзува со затоплувањето во зимскиот мрак на Арктикот.

„Никогаш не било толку екстремно“, вели Рут Мотрам, научничка од данскиот Метеоролошки Универзитет.

„Главното прашање е дали ваквите појави ќе се случуваат често. Ова е само еден настан, па тешко е да се направи врска со иднината“, вели професорот Ларс Лакешк.

Сепак, резултатите од неодамнешните истражувања покажуваат дека струењето на топлиот воздух ја зголемува својата зачестеност на Северниот пол, а редукцијата на мразот на Арктичкиот океан дозволува потопла вода да испарува во атмосферата, што предизвикува мешање на струите и поместување на студениот бран кон југ.

Метеорологот Роберт Род истакнува дека некои делови на Северниот пол моментално се потопли од Европа.