Наутро кочан ладно, преку ден пролет – од среда голема промена на времето
До среда ќе се задржи стабилно и суво време со појава на умерена до значителна облачност и претежно со слаб јужен ветер.
Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и на планините.
Минималната температура ќе се движи од минус три до четири степени, а дневната од шест до 16 степени.
По котлините и по речните долини, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, така што дневната температура во овие места ќе остане пониска.
Од среда попладне во западните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.