Не можел да ја плати сметката од 5.500 денари, а потоа пришол странец кој му нашпишал само три збора

Тајсон Кравли ја променил сметката и сите свои примања ги пренел од една на друга сметка. Следниот ден отишол да наточи гориво. Кога завршил со точење, Тајсон забележал дека нема доволно пари за да плати.

Новата картица ја заборавил дома, а со себе ја имал старата. Негоавата сметка била 109,91 долари (околу 5.500 денари), па веднаш почнал да паничи.

Имал уште една картица која била поврзана за заедничката сметка, но за жал не можел да се сети на пинот. И така, останал да стои на каса без можност да ја плати сметката за гориво.

Само што сакал да му каже на продавачот што се случило, еден човек пришол до каса и го прашал Тајсон дали му се потребни пари за сметката.

Без размислување човекот ја повлекол својата картичка и платил 109.9 долари наместо Тајсон.

Тајсон му се заблагодарил на човекот за неговата добрина и го замолил да го напише бројот на својот мобилен телефон како би му ги вратил парите. Човекот напишал нешто на сметката, се сликал со Тајсон и си заминал. Кога Тајсон ја погледнал сметката, не можел да верува.

Овој великодушен човек не го напишал бројот на мобилниот телефон како што Тајсон го замолил. Всушност, го напишал своето име Џон и три зборови: „Pass it on“ „продолжи го ова понатаму“. Токму Тајсон го споделил ова дело со пријателите во надеж дека ќе ги инспирира другите. Додал совет покрај фотографијата која ја објавил:

„Бидете преубави луѓе, запомнете дека не е сè во натпреварот со другите, кој има поголема куќа, поскап автомобил, поголема банкарска сметка, туку во заедништвото. На крај, што се парите во споредба со човечкиот живот?“

Колку прекрасен крај на денот за Тајсон – а така лошо почнало… Споделете ја оваа приказна со пријателите…