Не можеле да си поверуваат: Од небо паднале девет тона злато, еве и како (Фото)

Неверојатна ситуација на аеродромот во Јакутск: Од небо паѓал златен дожд. (Фото: РТ)

Станува збор за необичен авионски инцидент во Русија.

Авион Антонов Ан-12, превезувајќи девет тона злато на релација Рудник Купол – Краснојарск, запрел да дополни гориво во Јакутск.

Кога авионот полетал од Јакутск, се утврдило дека вредниот товар е лошо фиксиран: Златни полуги, секоја со тежина од по 20 кг, пробиле дел од вратата, а племенитиот метал паднал на пистата на аеродромот.

Во инцидентот нема повредени, а наводно собрани се 172 расфрлани златни полуги, а не е соопштено колку се изгубени.