Не очекува ВИСТИНСКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Објавена прогноза за следните три месеци

Објавена прогноза за следните три месеци, вистинско изненадување не очекува во јануари!

Американската приватна метеоролошка компанија AccuWeather на својот веб сајт објави долгорочна временска прогноза за Европа која ги опфаќа зимските месеци – декември, јануари и февруари.

Секако, за нас е најважно што AccuWeather објавува и податоци за временските прилики на Балканот, а според нивните прогнози на тоа подрачје може да се очекува зима со количина на врнежи помала од просекот. Токму недостигот на врнежи би можел да ја зголеми можноста за суши, но и опасноста од пожари на поширокото подрачје од југот на Шпанија до Балканот.

– Тоа не значи дека на споменатите подрачја нема да има врнежи, но количината ќе биде помала од просекот, нагласуваат од AccuWeather.

Не би требало да има снежни бури на Балканот, а најголема веројатност за поголеми врнежи од снег постои кон крајот на јануари и февруари.

AccuWeather прогнозира дека вистинска и остра зима ќе ги погоди балтичките земји, но дека и таа ќе биде поблага од просекот. Бројни бури се предвидени за подрачјето на Германија, Франција и Велика Британија, додека во средна Европа зимата ќе стигне дури во јануари.