Не се пече: Лесна, сочна торта со овошен јогурт (Видео)

Лесна, а сочна овошна торта…

Состојки: 1 пакување тенки кори; 1 л овошен јогурт; 400 мл слатка павлака; 2 кесички желатин (20 гр); 200 гр чоколаден крем; 200 гр малини или јагоди; малку сок од портокал

Начин на подготовка:

Во еден сад измешајте желатин со 8 лажици студена вода и оставете да набабри 10 минути. Потоа на тивок оган загрејте додека желатинот не се растопи (не смее да зоврие).

Измешајте овошје во јогуртот, и посебно разматете ја слатката павлака.

Во калап ставете ја кората, премачкајте со крем, потоа со разматена слатка павлака и половина од овошниот фил. Ова повторете го уште еднаш и од горе ставете ја третата кора, малку пропрскајте ја со сок и тортата ставете ја во фрижидер добро да стегне.

Секоја кора пропрскајте ја со сок, ќе биде уште подобра!