Нема ни да забележите дека нема масло, млеко и јајца: Посен чоколаден колач (Видео)

Добар рецепт за едноставен и брз колач на вода. Може да се прави секојдневно бидејќи е многу вкусен и сочен, не се забележува дека во него нема масло, млеко и јајца.

Состојки: 400 мл вода; 250 гр брашно; 1 прашок за печиво; 3 полни лажици џем; 100 гр шеќер

Состојки за прелив: 2 лажици какао во прав; 50 гр шеќер; 100 мл вода; 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 стпепени.

Разматете шеќер, вода, џем. Додајте брашно и прашок за печиво. Не треба да користете миксер.

Излејте ја смесата на тепсија и печете околу 20-30 минути.

Згответе ги сите состојки за прелив. Прелијте го врелиот колач со врел прелив. Посипете по желба со кокос, мелени ореви и оставете да се излади. Исечете на коцки и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“: