Несовесни возачи ги „тушираат“ пешаците низ Македонија

Врнежите кои последниве денови ја погодија Македонија донесоа големи проблеми за жителите на некои градови низ земјава.

Поплавените улици и несовесните возачи се голем проблем за пешаците. Често се случува автомобилите да ги испрскаат пешаците на поплавените улици.

Дождот создава големи локви кои претставуваат „ноќен кошмар“ за секој кој минува на пешачки или на тротоар.

Иако Законот предвидува глоба од 35 евра за возачите кои нема да ја прилагодат брзината за да избегнат прскање на пешаците, многу пешаци и не се обидуваат да пријават дека се испрскани.