Невреме ќе ја зафати Македонија, еве и кога

В понеделник во попладневните часови најпрвин во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Локално ќе има и услови за нестабилна облачност, проследена грмежи проследени со краткотраен пороен дожд.

Се очекуваат пообилни врнежи да има во западните делови на земјава каде е можно да наврнат 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.

Потоа во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.