Ни доаѓа СНЕГ, и тоа многу скоро!

УХМР излезе со нова прогноза – следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Синоптичарите најавуваат пообилни врнежи за утре во западните и јужните делови, особено попладне каде се очекува локално да наврнат над 25л/м2.

Во недела и понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и ќе дува умерен јужен ветер. Пообилни врнежи повторно се очекуваат во вторник и среда, а од среда и опаѓање на температурата што ќе предизвика на планините и на некои повисоки места врнежите да поминуваат во снег, информира УХМР.