Ни се враќа снегот – еве од кога

Во следните два дена ќе се задржи претежно облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност.

Утре ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. На југот главно на планините со услови за слаб локален дожд.

Дневната температура ќе се движи од 6 до 11 степени.

Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Повеќе врнежи се очекуваат во сабота и в понеделник, кога поради спуштање на постудена воздушна маса, врнежи од снег можно е да има и на некои повисоки места.