Ништо веќе нема да биде исто: Ни доаѓа црна Месечина после 20 години и со себе носи промени

Февруари е најкраток месец во годината, но интересен е поради една чудна небесна појава. Еве како таа влијае на вас.

Имено, бидејќи месецот е пократок од останатите, во него нема да има полна Месечина поради лунарниот циклус, но ќе се појави февруарска црна Месечина, која последен пат се појавила 1999 година.

Кога немаме месец со полна Месечина, како што е овој февруари, тогаш имаме два (јануари и март) со две полни Месечини, од кои една е сина.

Не само што ова ќе влијае на вашиот хороскоп, туку во зависност од вашиот знак ќе влијае на промена на вашиот живот.

Месечината која еднаш месечно не се појавува како полна, се нарекува црна Месечина. Постојат многу суеверија поврзани за оваа појава, а едно од нив е дека оваа појава означува крај на човештвото и животот на земјата, но фазите на мрак кои сите природно ги доживуваме, за некои се многу страшни. Меѓутоа, овој месец не симболизира никаков крај и страв, туку олеснување и слобода.

Ова е месец кога имаме доволно храброст да се препуштиме и да ја согледаме целата слика. Секој од нас има план за свој живот, но ретко кога работите се одвиваат по план. Кога работите не ни одат од рака, ние стануваме обесхрабрени и се откажуваме од договорот. Но, колку и да изгледа чудно, тоа е единствен начин да се случи магијата. Еднаш кога ќе се откажеме од соништата, ќе видиме дека соништата не се откажуваат од нас.

Помрачувањето им ги скрши срцата на многумина и не остави без излез. За тоа служи февруари кога ќе имаме поддршка од универзумот.

Иако ни се чинело дека нешто е готово, тоа всушност само било ставено на „пауза“. Нашиот живот се одвива во поглавја од кои некои се задолжени за соништата, други за кулминација, а потоа и некои во кои сè ни изгледа изгубено.

За време на овие мрачни недели во февруари сè ќе се промени, дури иако сè чини дека сè останува исто. Февруари е нашиот простор помеѓу среќните моменти, оние кога се соочуваме со себе, со нашите соништа и болки.

Време е да престанеме да веруваме во нашите лаги и ограничувања и наместо тоа да расчистиме самите со себе. Можеме да бидеме исти или подобри.

Развојот е тежок процес и се случува само кога сме соочени со сопствените стравови и кога мислиме дека го поминавме најлошото. Време е да бидеме тивки и време е за разговор со саканите, но и со лицето кое го гледаме во огледало.