Нов пресврт со времето: Еве од кога да очекувате значителен пораст на температурите

Утре времето ќе биде сончево и студено со мала до умеена облачност.

Во сабота ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови и на планините ќе има повремен слаб снег.

Ќе дува засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно и суво време, од понеделник со значителен пораст на дневните температури.

На прогнозата во прилог погледнете какво ќе биде времето наредниве денови: