Нова мерка: По 1.000 евра за секој кој од странство ќе се врати во родното место

Секој човек кој ќе се врати од странство во родното место ќе добие 1.000 евра. Со оваа мерка во општина Градец, Хрватска, локалните власти им пркосат на Германија и Ирска, земји во кои се иселиле многу Хрвати.

Градоначалникот на Градец, Матко Буриќ вели дека целта им е да ги вратат младите во родното место.

Секој повратник кој ќе го повлече носталгија и среќата ќе ја побара на подрачјето на градската општина ќе добие половина од износот по склучување на договор со општината, а втората половина после година дена поминати на подрачјето на Градец.

Сепак, тука нема да бидат опфатени луѓето кои се на сезонска работа во БиХ или Словенија на пример.