Нова промена на времето: Еве што не очекува од утре

Утре на југоисток ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе биде сончево со умерена облачност, во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 13 до 22 степени.

Потоа следува период на стабилно претежно сончево и топло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени. Најсончево ќе биде во недела.

Краткотрајно наоблачување со услови за појава на слаб локален дожд во западните делови ќе има во понеделник попладне.