Нова сообраќајка во Венеција: Автобус на истата компанија влетал во зграда, повредени 15 лица
15 лица се повредени во автобуска несреќа во Местре кај Венеција, само 10 дена откако на истото место загинаа 21 лице, исто така во автобуска несреќа.
Електричен градски автобус, сопственост на истата компанија како и автобусот кој пред 10 дена имаше сообраќајна несреќа, удрил во станбена зграда од другата страна на улицата, откако возачот изгубил контрола на кривина на патот.
Во несреќата што се случи доцна синоќа полесно се повредени 14 сопатници и еден возач.
Градското сообраќајно претпријатие одлучи од утре превентивно да ги затвори сите автобуси на Ла Линеа.
Гувернерот на Венето, Лука Заја, на својот Фејсбук профил објави информација за несреќата и снимки од местото на настанот.
Несреќата се случила откако автобусот ненадејно извртел и удрил во столб од станбена зграда откако возачот изгубил контрола. Тој на тимот за итна помош и рекол дека одеднаш му се слошило.
Пред 10 дена на истото место се случи несреќа во која загинаа 21 лице, меѓу кои две деца, откако автобусот излетал од надвозникот и се запалил, а уште 15 лица биле повредени.
Претходно оваа недела, италијанското јавно обвинителство отвори истрага против генералниот директор на Ла Линеа и двајца претставници на градскиот совет одговорни за одржување на мостовите и патиштата по смртоносната несреќа.
Возилото превезувало туристи од историскиот центар на Венеција до кампот во блиската Маргера.
Обдукцијата направена врз 40-годишниот возач покажа дека е здрав, по првите шпекулации дека можеби се онесвестил.
Според пишувањата на италијанските медиуми, возачот на автобусот кој во саботата влетал во зградата изгубил контрола поради здравствени проблеми.
Како и повеќето патници, тој избегал со релативно полесни повреди, пренесува Ресто дел Карлино.