Нови детали: Откриен заговор за убиство на Заев

Неделникот „Фокус“ излезе со шокантна информација во врска со крвавото сценарио во Собранието на 27 април лани.

Фокус“ неофицијално дознава детали за крвавото сценарио што требало да се одигра во законодавниот дом на 27 април лани.

Според весникот, Зоран Заев тој ден требало да биде убиен, за што постоел и снимен телефонски разговор меѓу двајца заговорници.

Тој што требало да го изврши убиството во разговорот се вадел дека немал чиста мета!