Нови цени на горивата: Ќе има ли повторно скок на цените?

Утре регултаротната комисија вообичаено секоја втора недела во месецот носи одлука околу статусот на цените на горивата во Македонија.

Според последната одлука горивата поскапеа за половина денар по литар, па така малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 66,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 68,00 ден/лит.

По последното зголемување на цената на дизелот од 1 јануари таа се зголемува за 3,5 денари поради воведувањето на повисоката акциза за нафтата.

Така новата цена на Еуродизелот на 1 јануари изнесува 58,5 денари за литар.

Дали можеме да очекуваме уште едно поскапување, ќе се знае утре, точно на пладне.