Обезбедувач ограбил банка во која почнал да работи пред три дена

Обезбедувач во Пакистан украл скапоцени камења од сефови од банката во која работел, а потоа избегал.

Локалните медиуми јавуваат дека обезбедувач кој пред три дена почнал да работи во подружница на Централната банка во Пакистан во Карачи со неколку соучесници обил 26 сефови.

Полицијата истакнала дека обезбедувачот Садам Хусеин со други крадци во неделата вечерта им ги врзал рацете на останатите обезбедувачи и ги затворил во просторијата.

Крадците влегле во делот во кој се наоѓаат сефовите и украле скапоцени камења, но не земале готовина.

Крадците ги земале и снимките од безбедносните камери, а не заборавиле и да ја заклучат надворешната врата додека излегувале од банката.

Силите за безбедност трагаат по Хусеин и другите крадци.

Полицијата соопшти дека приведен е еден обезбедувач на банката, а се уште не е познато за колкава количина скапоцени камења станува збор.