Обилни врнежи и ветришта со брзина од 90 км/ч – синоптичарите најавуваат голема промена на времето

Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови.

Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2.

Врнежи од снег најпрво ќе има само на повисоките планини, а до недела наутро снежната граница ќе се спушти до околу 1500 м.н.в.

Утре ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер (над 90км/ч).

Во недела претпладне се уште ќе има локални врнежи, а до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето.