Обраќање на Елизабета Ѓоргиевска на презентацијата на националните наоди од меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст“

Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, на Филозофскиот факултет во Скопје имаше поздравно обраќање на презентацијата на националните наоди од меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (11, 13 и 15 години) во Република Северна Македонија“, во коорганизација на Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска и Филозофскиот факултет при УКИМ.

Проф. д-р Ѓоргиевска нагласи дека резултатите од последниот циклус на оваа значајна лонгитудинална студија се клучни за расветлување на критичните аспекти на здравјето на младите и отвораат можност за уште позначаен напредок во иднина. „Истражувањето и дискусијата за овие теми останува императив, бидејќи досегашните резултати нудат длабок увид во суштината на проблемот или ако сакате, избегнувањето на проблемите во контекст на здравјето на децата и младите. Превенцијата и зачувувањето на здравјето, како и предвидувањето на потенцијалните идни состојби кои би можеле да влијаат на нивниот севкупен развој, се и натаму на врвот на листата на овие приоритети.“ – потенцираше сопругата на претседателот.

Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на сопругата на Претседателот.

Почитувани присутни, драги пријатели,

Оваа прилика денес е од големо значење, бидејќи не само што презентира резултати од последниот циклус на студијата, која во 2022 година одбележуваше 20-годишнина од спроведувањето на Меѓународната студија „Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (11, 13 и 15 години) во Република Северна Македонија“, за чиј исклучителен придонес зборувавме минатиот пат, туку го слави и продолжувањето на нашата одлична соработка со Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска, како носител на оваа извонредно-значајна лонгитудинална студија.

Минатогодишниот собир беше клучен за расветлување на критичните аспекти на здравјето на младите и верувам дека го отворија патот за уште позначаен напредок во иднина. Истражувањето и дискусијата за овие теми останува императив, бидејќи досегашните резултати нудат длабок увид во суштината на проблемот или ако сакате, избегнувањето на проблемите во контекст на здравјето на децата и младите. Превенцијата и зачувувањето на здравјето, како и предвидувањето на потенцијалните идни состојби кои би можеле да влијаат на нивниот севкупен развој, се и натаму на врвот на листата на овие приоритети.

Ќе потсетам дека животните навики на нашите деца и млади луѓе се обликувани од нивната физичка, ментална и социјална благосостојба. Како родители, воспитувачи и здравствени работници, ние мора активно да реагираме преку нудење насоки и образование усогласени со нивното однесување и развојни потреби. Средината во која живеат и функционираат младите има извонредна важност, со посебен акцент на поддршката што ја добиваат во обликувањето на нивниот начин на живот, негувањето на нивното внатрешно јас и заштитата на нивното ментално и психофизичко здравје. Без разлика дали оваа поддршка потекнува од семејството, образовното опкружување, поширокото општество од чиј дел се и нивните врсници или пак од т.н. „онлајн“ заедница, која сè повеќе влијае на навиките на нашата млада генерација. Тема која бара осврт и настан од ваков тип, сама по себе, со оглед на комплексноста и испреплетеноста токму со секојдневниот, или со речникот на најмладите – „офлајн“ свет.

Неопходно е да се најде вистинскиот начин за тие да ги разберат последиците од штетните навики, да ја совладаат уметноста на организирање на своето слободно време и вешто да го обработат богатството на информации во нивната околина, што им овозможува да ја подобрат нивната ментална и емоционална благосостојба.

За крај, би сакала да се заблагодарам што ми ја укажавте честа да бидам дел од ова значајно заедничко патување кон посветло и поздраво утре; и воедно да ја поздравам посветеноста на оние кои неуморно работеа за да ја направат оваа студија реалност, вклучувајќи ги нашите посветени истражувачи, едукатори, лекари, психолози, социјални работници и безброј други вклучени во овој процес – архитектите на сегашноста и иднината на нашата младина.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Македонец за претседател на Собранието, пропадна мантрата на ДПМНЕ за наводната албанизација

Како што е случај со ВМРО ДПМНЕ, со години шират само лажни информации, правејќи неболуозни изјави со цел да створат омраза помеѓу граѓаните а притоа градат поени на криминал, шпекулации и невистини. ДПМНЕ со години ја трасира мантрата за албанизација којашто предизвикува само недоразбирање помеѓу граѓаните но за жал повеќе... Прочитај повеќе...

Чупеска: Дали “сознанијата” на Мицкоски му потекнуваат од средбите кои ги имал со Палчо?

Мицковски имал информации и докази, што точно ќе овозможат да се открие вистината за трагичните настани кои се случија во земјава каде се убиени две лица?! И сеуште ќути и не ги споделува со релевантните служби кои се задолжени за спроведување на истрагата, а ќе ги обелоденел за неколку месеци?!?... Прочитај повеќе...

Во сабота го празнуваме Свети великомаченик Георгиј

Житие: Свети великомаченик Георгиј На овој ден се празнува осветувањето на црквата посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев. Кај руските кнезови, почнувајќи од рамноапостолниот кнез Владимир, постоел благочестив обичај да основаат цркви во чест на своите ангели чувари, т.е. на светителите чии имиња ги носеле или биле нивни закрилници.... Прочитај повеќе...

Значителна промена на времето, доаѓа и снег: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во недела претежно во западните делови во попладневните часови и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Потоа до четврток времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, Дневните температури во овој период ќе бидат во благ... Прочитај повеќе...

Дневен хороскоп за 9 декември

Овен (21 март – 19 април): Овен, денес го разгорува вашиот авантуристички дух! Прифатете ги предизвиците со задоволство и ќе најдете успех. Неочекуваната средба носи возбуда, затоа имајте ги очите отворени за изненадувања. Бик (20 април – 20 мај): Бик, најдете утеха во познатото денес. Препуштете се на животните задоволства... Прочитај повеќе...

Македонец за претседател на Собранието, пропадна мантрата на ДПМНЕ за наводната албанизација

Како што е случај со ВМРО ДПМНЕ, со години шират само лажни информации, правејќи неболуозни изјави со цел да створат омраза помеѓу граѓаните а притоа градат поени на криминал, шпекулации и невистини. ДПМНЕ со години ја трасира мантрата за албанизација којашто предизвикува само недоразбирање помеѓу граѓаните но за жал повеќе и од очигледно е дека […] Прочитај повеќе...

Чупеска: Мицкоски во кратки црти да раскаже каква заедничка платформа договараа со Палчо

Мицковски имал информации и докази, што точно ќе овозможат да се открие вистината за трагичните настани кои се случија во земјава каде се убиени две лица?! И сеуште ќути и не ги споделува со релевантните служби кои се задолжени за спроведување на истрагата, а ќе ги обелоденел за неколку месеци?!? Невероватно што се чоеков може […] Прочитај повеќе...

Во 2028 година Македонија ќе биде членка на ЕУ?

Македонија ќе стане членка на Европската униија во 2028 година. Ова го изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360 степени“ на МРТ1. Ковачевски рече дека во следниот мандат ќе биед влезот во ЕУ, односно до 2028 година. Тој е убеден дека победник на изборите ќе биде СДСМ и коалицијата. -На претседателските избори на […] Прочитај повеќе...

Оваа идеја ги надминува сите очекувања: Швеѓаните сфатија како бесплатно да ги загреваат куќите

Екологијата се повеќе го стекнува своето заслужено место, а земјите од Скандинавија секако се водечки. Затоа, не треба да чуди што Шведска наскоро би можела да стане број еден еколошка земја. Имено, нивните идеи се иновативни, а нивните трикови за конзервација надминуваат се. Грејната сезона трае долго, некои користат дрва, некои гас, а некои верувале […] Прочитај повеќе...

„Прекумерниот девизен курс ги поскапи швајцарските стоки и услуги во странство“ Франкот најсилен во однос на еврото од 2015 година

Еврото падна на најниско ниво во однос на швајцарскиот франк во повеќе од осум години, бидејќи играчите на пазарот очекуваат Европската централна банка (ЕЦБ) брзо да ги намали каматните стапки по налудничавите коментари на нејзините официјални лица и поповолните економски податоци. Еврото падна на 0,9404 франци, што е најниско ниво откако швајцарската народна банка ја […] Прочитај повеќе...

Годишната стапка на инфлација во Германија во ноември беше потврдена на 3,2 отсто

Годишната стапка на инфлација во Германија падна на 3,2 отсто во ноември од 3,8 отсто во октомври, во согласност со претходната проценка. Ова денеска го потврди германската федерална статистичка служба Дестатис. Инфлацијата во Германија во ноември беше најниска од јуни 2021 година. „Стапката на инфлација ослабе петти месец по ред“,... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Рускиот приход се зголеми

Приходите на рускиот буџет од јануари до ноември, според прелиминарните проценки, се зголемени за 4,8 отсто на годишно ниво на 25,96 трилиони рубљи. Ова денеска го соопшти Министерството за финансии на Русија. Приходите од нафта и гас за првите 11 месеци од оваа година се намалени за 22,8 отсто на... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Централната банка на Индија ја задржа референтната каматна стапка

Централната банка на Индија (РБИ) денеска објави дека одлучила да ја задржи референтната каматна стапка на 6,5 отсто, петти пат по ред. Глобалниот раст забавува, но индиската економија покажува отпорност на светските настани бидејќи економијата на земјата порасна за 7,6 отсто на годишно ниво во вториот квартал од фискалната 2023/24... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Во октомври значително зголемување: Зголемена вредноста на увозот на руска стока во Америка

САД во октомври увезле стоки од Русија во вредност од 274,4 милиони долари, што е значително зголемување од 252,3 милиони долари во септември, покажуваат податоците на американското биро за попис, кое собира податоци за населението и економијата на САД. Во извештајот се наведува дека извозот на американски стоки во Русија... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

„Прекумерниот девизен курс ги поскапи швајцарските стоки и услуги во странство“ Франкот најсилен во однос на еврото од 2015 година

Еврото падна на најниско ниво во однос на швајцарскиот франк во повеќе од осум години, бидејќи играчите на пазарот очекуваат Европската централна банка (ЕЦБ) брзо да ги намали каматните стапки по налудничавите коментари на нејзините официјални лица и поповолните економски податоци. Еврото падна на 0,9404 франци, што е најниско ниво... Извор: BiznisPRO.com Прочитај повеќе...

Подгответе се: Доаѓаат пари за ЧЕТИРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во декември! Дали сте еден од нив?

Бик (20 април – 20 мај): Поединците Бикови често се поврзуваат со финансиска стабилност и практичност. Вашиот фокус и одлучност може да доведат до поволни финансиски резултати или можности за зголемен приход. Јарец (22 декември – 19 јануари): Јарците се познати по силната работна етика и амбициозност. Во декември, вашата напорна работа и стратешки пристап... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

ИЗБЕГНЕТЕ ЛОША СРЕЌА: Откриено потеклото на традицијата на бакнување на полноќ на новогодишната ноќ

Иако точното потекло на прославувањето на вториот почеток на новата година е непознато, обичајот често се следи на два зимски фестивали: Сатурналија во антички Рим и Хогманај, викиншка традиција која сè уште се слави на Нова година во Шкотска. Сатурналија се одржуваше секоја година за време на зимската краткоденица, а бидејќи беше најголемата забава во... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Задолжително на лекар – 6 знаци на недостаток на железо

Ниското ниво на железо е најчестото и најраспространето нарушување во исхраната во светот, особено во западните земји, соопшти Светската здравствена организација. Тие веруваат дека дури две милијарди луѓе, што е над 30 отсто од светската популација, страдаат од одреден степен на недостаток на железо, што е особено честа појава кај жените. Ова се најчестите знаци:... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Ова се сите придобивки од кефирот: од протеини до пробиотици

Кефирот е култивиран, ферментиран пијалок кој потсетува на јогурт. Одредени извори наведуваат дека овој пијалок е стар повеќе од 1000 години и потекнува од Кавказ. Наводно, локалните мештани, познати по своето здравје и долговечност, случајно го откриле додека носеле свежо млеко во нивните кожени чанти. Некогаш малку познат надвор од Кавказ, денес кефирот е особено... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Домашна купка за испукани пети, поефикасна од крема – Потребни се само 2 состојки

Испуканите пети се проблем со кој многумина од нас се соочуваат секојдневно. Отстранетиот калузен епидермис се враќа како бумеранг, а нашите стапала постојано не изгледаат како што би сакале. Оваа купка за потпетици со домашни состојки може да ви помогне да ги трансформирате стапалата пред да влезете во пролетни чевли. Што ви е потребно за... Прочитај повеќе Извор Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy