Очекувајте значително повисоки дневни температури – еве од кога

И утре ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладне и поинтензивни ќе бидат во западните и крајните источни делови (локално над 15л/м2). Само на повисоките планини ќе има повремен снег. Во јужните делови ќе има услови за локална појава на грмежи.

Во среда ќе биде претежно суво, a во четврток повторно ќе има локални врнежи кои на планините ќе бидат од снег.

До четврток повремено ќе дува засилен ветер, утре и во среда од јужен и југозападен, а во четврток од северозападен правец.

Од петок ќе настапи стабилизација со значително повисоки дневни температури за време на викендот.