Од понеделник се отвораат кафетериите и рестораните низ Македонија

До четири лица на една маса, не мора да се од исто семејство, но на определена оддалеченост меѓу две маси или пак со граничник од плексиглас или стакло, јави Centar.mk.

Под посебни хигиенски услови, на отворени простори односно летни тераси, конечно, веќе од понеделник почнува олабавувањето на рестриктивните мерки за угостителскиот сектор дознава Centar.mk.

Се очекува кон крајот на оваа работна седмица да биде одлучено, од понеделник угостителските објекти да почнат со ограничена работа.

Ќе може да се служат храна и пијалоци, кои ќе бидат дезинфицирани пред да бидат послужени на гостите. Можно е да биде наложено да се користат и чаши, лажички, садови за еднократна употреба.

Се размислува и за наплата само со платежни картички.

Работното време на кафе баровите и рестораните за почеток би било до 18 или 19 часот.

 

Целиот текст прочитајте го на Centar.mk.