Од утре ќе видиме што е студ – доаѓа и снег

Утре и во петок ќе се задржи суво и студено време со ниски утрински температури.

Во сабота ќе има ново зголемување на облачноста, а во северните делови и на планините ќе има повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер.

Од недела повторно следува период на стабилно и суво време, од понеделник со пораст на дневните температури.

Во петок ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од -11 до -4, а дневните од 2 до 8 степени.

Во сабота ќе биде променливо облачно, во северните делови и на планините со повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од -7 до 1, а дневните од 0 до 7 степени.

Во недела ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -8 до 0, а дневните од 1 до 9 степени.