Од утре снег и студ: На повеќе места ќе се формира и снежна покривка

Од утре снег и студ: На повеќе места ќе се формира и снежна покривка

Утре ќе има локални врнежи од снег, особено претпладне во западните делови, каде на повеќе места ќе се формира и снежна покривка.

Под влијание на северно струење температурите значително ќе опаднат.

Од вторник до петок над нашето подрачје ќе се задржи студена и сува воздушна маса, така што ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински и дневни температури.