Од утре вистинска зима – еве што прогнозираат синоптичарите

Утре и во вторник ќе преовладува ветровито и студено време со умерен до засилен северен ветер. Во планинските региони ќе има повремено зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег.

Од вторник утринските температури во поголемиот дел од земјата ќе бидат под нулата.

Од среда до петок во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневните температури ќе бидат во благ пораст.