Однадвор Lexus, одвнатре BMW: „Фул“ опремена лимузина за 6.150 евра! (Фото)

Changan Automobile е член на големата четворка на кинески автомобилски произведувачи.

Основан пред 30 години како „joint-venture“ со јапонски Suzuki, Changan во меѓувреме разви соработка со уште некои реномирани произведувачи како Ford, Mazda, PSA (Peugeot-Citroen).

Changan развил и сопствена марка која – со 1,4 милиони продадени возила во 2016 година – е втор најпопуларен кинески автомобилски бренд.

Во салоните на Changan деновиве пристигна Eado DT, лимузина од Б-сегментот која претставува дизајнерска еволуција на Yuexiang V7 претставен пред четири години.

При креирањето на предниот дел очигледно на кинеските дизајнери како инспирација им послужиле новите модели на Lexus. Автомобиот со должина од 4,575 метри, со меѓуосовинско растојание од 2610 мм им пружа доста простор на патниците на задната клупа.

Техничките детали се уште не се соопштени, но се очекува купувачите да имаат избор помеѓу 1,6 литарски атмосферски (125 КС) и 1,5 литарски турбобензинец (170 КС).

Ако од надвор изгледа како Lexus, кокпитот потсетува на некои постари модели на BMW.

На основа на снимките кои ги објави Changan, фасцинира богатата опрема на чија листа, покрај клима уредот и комплетниот електро пакет, се наоѓаат и старт стоп прекинувач, кожен ентериер, камера за рикверц, алуминиумски фелги, ЛЕД предни светла…

Како што е вообичаено за кинеските медиуми, цената е најјак адут. Медиумите најавуваат дека Changan Eado DT ќе стартува со цена од околу 50.000 јуани, односно околу 6.150 евра!