Официјално од Здравствен дом Ресен: Нема ниту еден регистриран случај на коронавирус во Преспа

По лажните вести низ Преспа за наводната регистрираност на пациент со Корона вирусот во Преспа, поточно во с.Стење, ЈЗУ Здравствен дом Ресен ја споделува следната информација:

По извештајот од Центар за јавно здравје Битола и сите други релеватни институции Ви соопштуваме дека до денешнииот ден во општина Преспа не е регистриран и потврден случај на пациент заразен со Корона вирус.

Пациентите кои се во самоизолација, се по општите препораки од Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и ги почитуваат предвидените временски рокови.

Со цел да се избегнат несакани ситуации и последици од нив, Ве молиме за одговорно споделување на било какви инфомации и почитување на сите препораки кои се издадени од валидните инстиутции.