ОКТА: Висока профитабилност зајакната од надминувањето на продажните цели и растот на меѓународните цени на горивата

Висока профитабилност зајакната од надминувањето на продажните цели и растот на меѓународните цени на горивата

 

К4 2022 година
К4 2021 година
% на промена
(во милиони денари)
12M 2022 година
12M 2021 година
% на промена

14.454
8.538
69%
Приходи од продажба
59.964
26.136
129%

-22
315
 
Бруто маржа
1.517
1.377
10%

154
136
13%
Оперативни трошоци
759
694
9%

-125
228
 
ЕБИТДА
910
839
9%

-230
-17
1244%
Добивка пред оданочување
618
453
36%

195
171
14%
Прилагодена ЕБИТДА
718
481
49%

 

 

Годината 2022 ја одбележа геополитичка тензија која ја влоши енергетската криза во Европа, дополнително зголемувајќи ги цените на природниот гас и електричната енергија, што доведе до зголемен инфлациски притисок кој негативно влијаеше врз потрошувачите и индустријата. Постепеното воведување на санкции од страна на ЕУ и нафтеното ембарго ги натераа повеќето европски земји да го намалат или запрат увозот на руски нафтени производи и гас, што предизвика нерамнотежа меѓу побарувачката и понудата. Ваквите движења значително ги покачија цените на суровата нафта и гас. Во овие услови, државата ги врати во функција капацитетите за производство на електрична енергија кои користат мазут.

И покрај конкурентното и предизвикувачко опкружување во кое делува ОКТА во Република Северна Македонија и Косово, компанијата успеа да ја зголеми својата лидерска позиција на локалниот пазар со пазарен удел од речиси 71%, како и во Косово со удел од 36% на крајот од 2022 година, што доведе до зголемување на продажбата од 28% на крајот од годината споредено со 2021 година.

Годишните резултати покажуваат дека ОКТА продолжува да се придржува кон својата утврдена финансиска политика, со акумулирана ЕБИТДА од 910 милиони денари која ги надмина 839 милиони денари остварени во текот на 2021 година и соодветна добивка пред оданочување од 618 милиони денари. ЕБИТДА во четвртиот квартал достигна негативен износ од 125 милиони денари, што е значително помалку од остварените 228 милиони денари за истиот период претходната година, главно поради падот на меѓународните цени на горивата, што доведе до исправка на вредноста на залихите на ОКТА во износ од 94 милиони денари и негативен ефект од нивното вреднување од 319 милиони денари.

Минатогодишните солидни резултати на ОКТА целосно ја потврдија стратегијата што компанијата ја спроведува решително и посветено веќе со години. Компанијата не само што успешно обезбеди раст на обемот на продажба во текот на целата година и зголемување на приходите од продажба и профитабилноста, туку и напредува со своите иницијативи за автоматизација кои ќе ја оптимизираат организацијата, намалувајќи ги трошоците и создавајќи цврста основа за идни резултати.

 

Клучни резултати во четвртиот квартал и 2022 година

ЕБИТДА од 910 милиони денари ги надмина остварените 839 милиони денари во истиот период претходната година, како резултат на одличната продажба остварена претежно на домашниот пазар и ефикасното управување со залихите, што овозможи непречена продажба на клиентите во време на многу неизвесности и континуирани флуктуации на меѓународните цени на горивата.
Годишните приходи од продажба за 2022 година изнесуваа 59.964 милиони денари, значително надминувајќи ги 26.136 милиони денари од претходната година, главно поттикнати од зголемената продажба на двата пазари, со целосно закрепнување на продажбата на дизелот и млазното гориво, снабдувањето на електраните со мазут и продажбите кон Агенцијата за задолжителни нафтени резерви.
Бруто-маржата го следи истиот тренд и достигна 1.517 милиони денари во текот на 2022 година, надминувајќи ги остварените 1.377 милиони денари од претходната година, како резултат на позитивното влијание од зголемените количини на продадени деривати, растот на меѓународните цени на горивата, зголемените приходи од продажба на електрична енергија и зголемениот надомест за чување на државни резерви.
Во четвртиот квартал од 2022, ЕБИТДА достигна негативен износ од 125 милиони денари, како резултат од негативното влијание од падот на меѓународните цени на горивата.
Добивката пред оданочување, на годишно ниво, достигна 618 милиони денари, надминувајќи ги остварените 453 милиони денари во истиот период претходната година, поттикната од зголемениот обем на продажба, зголемениот приход од количините на државни резерви сместени во капацитетите на компанијата, и надополнет со позитивниот ефект од нагорното движење на меѓународните цени на горивата во првата половина од 2022 година.
Компанијата, во согласност со своите стратешки приоритети, инвестираше 48,348 милиони денари во текот на 2022 година во одржување на своите складишни капацитети и иницијативи за здравје и безбедност.

И покрај недостигот во регионот, ОКТА останува лидер во снабдувањето со горива во земјата и регионот во овие времиња полни со предизвици, постојано следејќи ја ситуацијата со цел да обезбеди редовно и непречено снабдување со најквалитетни деривати на локалните и соседните пазари, додека продолжува да расте и да придонесува кон општеството.

 

 

Информации во врска со спорот со Царинската управа на Република Северна Македонија

Заклучно со декември 2022 година, вкупниот износ за кој царинските органи имаат донесено решенија во однос на овој период изнесува 1.106 милиони денари. ОКТА ја исплати оваа сума во целост во 2022 година, доставувајќи допис до надлежниот царински орган со кој се укажува дека било кои плаќања од ОКТА не претставуваат и не треба да се толкуваат како признавање на долг или одговорност од страна на ОКТА.

На 21 септември 2022 година, ОКТА доби известување од Царинската управа за периодот јануари – мај 2019 година во кое беше наведено дека на компанијата ќе ѝ се изрече слична даночна постапка, по што беа добиени решенија со кои на истата ѝ се наплатија дополнителни обврски коишто заклучно со декември 2022 година изнесуваа 25 милиони денари. ОКТА ги исплати во целост сите износи побарувани во 2022 година.

Проценетата максимална дополнителна изложеност не се очекува да надмине 59 милиони денари (со вклучена камата до 31 декември 2022 година). На 31 декември 2022 година, компанијата направи резервација од 59 милиони денари, што претставува нејзина најдобра проценка за потенцијалните идни парични одливи.

Компанијата останува на својот став дека постапила во целосна согласност со сите релевантни закони, како и според добиеното стручно мислење, и планира да ги оспори овие одлуки до највисоките судски органи.

 

 

Корпоративна општествена одговорност

ОКТА ја заокружи годината со имплементирање на бројни општествено одговорни активности, потврдувајќи ја својата посветеност кон заедницата. Донација од 6.000 литри екстра-лесно масло за греење беше доделена на една од куќите во СОС Детското село, каде се згрижуваат млади без родителска грижа. Како поддршка на локалната заедница, ОКТА обезбеди 365 новогодишни пакетчиња за сите ученици во трите основни училишта лоцирани во близина на компанијата. Во рамки на програмата „Нова генерација“, стипендии за постдипломски студии на УКИМ беа доделени на двајца студенти, овозможувајќи им понатамошен професионален и академски развој. Заложбата на ОКТА за зачувување на националното културно наследство беше потврдена преку нејзината поддршка на значајни музички и културни настани во последниот квартал од 2022 година.

Индустријата е значително изложена на макроекономски фактори како што се цените на суровините, валутните флуктуации, каматниот ризик, пандемијата и во последно време, политичките случувања. Флуктуациите на цените на стоките можат да влијаат врз цените на стоките кои се набавуваат, чуваат на залиха (суровини или готови производи) или продаваат. Менаџментот на ОКТА внимателно го следи опкружувањето полно со предизвици и преку проактивно планирање ја води компанијата напред преку искористување на разните можности кои се појавуваат со цел уште повеќе да ги подобри деловните резултати и ефикасноста.

 

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Во ИТ секторот фрчат отпутања: Проценките се дека досега без работа останале до половина милион луѓе

Продолжуваат масовните отпуштања во ИТ секторот, речиси сите големи компании поделија голем број отпуштања од почетокот на годинава. Со тоа го продолжија трендот кој започна на почетокот на минатата година, имено, одамна заврши ерата на голем раст на компаниите, а приспособувањето кон новите услови првенствено се врши преку отпуштања, објави... Прочитај повеќе...

Исклучете ги: овие уреди трошат многу електрична енергија дури и кога не ги користите

Кризата за трошоците на животот продолжува да влијае на домаќинствата, така што луѓето бараат различни начини да заштедат пари каде и да можат. Од паметно користење на греењето до следење на употребата на вашите кујнски апарати, има многу мали промени што можете да ги направите кои би можеле да ви... Прочитај повеќе...

Времето драстично се менува, синоптичарите најавуваат дожд, грмежи, ветер, а некаде и снег – Детална четиридневна прогноза

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места... Прочитај повеќе...

Полицаец вознемирувал ученички во средно училиште во Скопје

На 24.03.2023 добиена е пријава од средно училиште во Скопје дека полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички. Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а против лицето ќе биде поведена и постапка за... Прочитај повеќе...

Експлодира плинска боца во Карпош, полицаец заврши во болница

На 24.03.2023 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Разловечко Востание“ во стан сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на... Прочитај повеќе...

Ужас: Приведени мажи за силување на девојче помало од 14 години во Струга

Двајца повозрасни мажи и еден малолетник се приведени во Струга под сомнеж за полов напад врз малолетничка помала од 14 години. СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени жители на селата Враништа, Драслајца и Моришта на возраст од 57, 69 и 17 години. Полицијата соопшти дека нападот го пријавил... Прочитај повеќе...

Пари, среќа, нови можности: Три хороскопски знаци ќе доживеат голем успех во април

Откријте според хороскопот кого ќе го „грее сонце“ во април, кои три знаци ќе имаат најмногу среќа на полето на љубовта, работата и финансиите! Според астрологијата и во однос на тоа како се „порамниле“ ѕвездите, некои хороскопски знаци имаат поголеми шанси за успех и среќа во одредени периоди. Така, во... Прочитај повеќе...

Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени

Членот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција, Артан Груби пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата во Мала Речица истакна дека „знае дека има пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени“. Од денеска сметам дека треба да почнеме со нашите напори, повикувајќи ја... Прочитај повеќе...

СДСМ: Броењето пратеници му е слаба страна на Мицкоски, во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат

Соопштение на СДСМ: Броењето пратеници на Христијан Мицкоски му е многу слаба страна. Тоа го покажал неколку пати досега. Исто како што велеше дека има 61 пратеник за распуштање на Собранието и избори во мај. Очајни се овие обиди на Мицкоски, погрешната математика и штанцањето нови измислици ќе му се... Прочитај повеќе...

Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број значително се зголеми од првата година на пандемијата COVID-19, во која 33 отсто од студентите размислуваа да го напуштат студирањето... Прочитај повеќе...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална […] The post Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: • За пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy