Она што го прават учениците во Јапонија е незамисливо кај нас

Дисциплината и работната етика се особини кај Јапонците на кои, со право, им се восхитува цел свет.

А, Јапонците овие работи ги учат уште од мали нозе.

На пример, децата во нивните училишта работат нешто што кај нас би било незамисливо: тие сами си ги чистат своите училишта, ги рибаат подовите и тоалетите, бидејќи веруваат дека децата на овој начин учат одговорност, почит и еднаквост.

Тие веруваат дека ова е должност која треба да ја извршуваат сите, а на ова се гледа и како зацврстување на пријателството помеѓу учениците, кои на овој начин одлично се забавуваат, па тоа не се доживува како „досадна задача“.

И, не само тоа, учениците сами си сервираат ручек, и ги чистат остатоците…

Погледнете и споделете со пријателите: