Онлајн дебата во организација на првата македонска банкарска академија – АБИТ, а во рамките на Глобалната недела на претприемништвото 

На првиот ден Глобалната недела на претприемништвото, на 14-ти ноември, 2022 година, успешно заврши економската дебата, на тема:

„ПОСТ-КОВИД ПЕРИОДОТ И ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА – ЕФЕКТИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА И БАНКИТЕ“    

Видни домашни експерти и општествени титулари од областа на финансиите и банкарството, говореа на настанот за ефектите на кризниот период, актуелните настани во државата на економски план и предвидувања за идните текови. Оттука, како говорници на АБИТ економската дебата беа следниве:

проф. д-р Љубе Трпески, македонски економист, универзитетски професор, поранешен министер на македонската Влада и поранешен гувернер на Народната банка;
проф. д-р Никола Поповски, економски експерт; универзитетски професор и поранешен министер за финансии;
проф. д-р Борче Треновски, економски експерт; професор на Економскиот факултет во Скопје;
Трајан Ангелоски, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија;
Тања Дејаноска, Потпретседател на Сојуз на стопански комори на Македонија; и
Бојан Цветановски, Претседател на Извршниот одбор на Здружението на финансиските пазари на сите банки во Македонија – АЦИ; Раководител на оддел / Филијала во НЛБ Банка АД Скопје.

Модератор на дебатата беше проф. д-р Синиша Наумоски, претседател на академскиот совет на АБИТ – Академијата за банкарство и информатичка технологија и претставник на управата на Хајделберг Институтот во Скопје.

Настанот го отвори Симона Чаминска, национален координатор на глобалната недела на претприемништвото. Имено, таа, како што кажа во поздравниот говор, глобалната недела на претприемништвото претставува светска иницијатива што моментално, неделава се одржува во 200 други држави во светот и обединува публика од околу 10 милиони жители и се фокусира на теми од претприемништвото.

Во воведната дискусија, а во улога на модератор, д-р Синиша ја нагласи актуелноста на темата, особено ако се знае дека македонската, па и глобалната економија, влегуваат во последователна криза, веќе трета година. Имено, како што се констатираше во воведот, оваа кризна година ако направиме една објективна анализа на македонскиот банкарски систем, таму, може да се забележи состојба во која преовладува реален оптимизам истовремено со присуство на голема претпазливост од страна на регулаторот во монетарниот систем. Понатака, д-р Наумоски, додаде дека не треба да сме многу упатени за да согледаме дека банките си ја вршат нивната работа, добро, иако е кризна година, и тоа трета по ред. Но, тука, важно е, како што нагласи, како стопанството и граѓаните ја поднесуваат кризата?   

Во неговото излагање, проф. д-р Љубе Трпески нагласи дека причините за појава на инфлацијата се општо познати, во целиот свет па и кај нас. Како што рече, на студентите, за ваквите теми, им предавале на економскиот факултет како класичен пример на инфлација на трошоци. Поточно, тој рече дека трошоците се главни двигатели на ваквата инфлација и тоа, трошоците од порастот на енергенсите и порастот на храната во светот. Повод е ова што се случува во Украина. Кај нас, пак, има уште еден трет фактор, како мала земја, за поратот на цените, а тоа се инфлациските очекувања, додаде проф. д-р Трпески.

Неговата констатација за актуелната состојба со инфлацијата, беше следната: „Кога е класичен пример на инфлација на трошоци, тука, монетарната политика нема простор за делување или не е толку ефикасна како што се мерките кои се преземаат со фискалната политика. Народната банка презеде одредени мерки, и тие се во ред за смирување на инфлацијата, меѓутоа за разлика од земјите од еврозоната, кај нас нема таква меѓузависност помеѓу мерките што ги презема Народна банка и комерцијалните банки, заради тоа што нашите комерцијални банки пливаат во ликвидност и немаат толкава потреба од ликвидносни средства од нашата централна банка, како што имаат во овие земји од еврозоната, и заради тоа, таму, подигањето на референтните каматни стапки на Централните банки има многу поголемо и побрзо влијание од колку што тоа е кај нас.

„Излезе еден денешен текст на Меѓународниот фонд, каде што се вели дека ММФ соопштува дека забавувањето на растот на светската економија е евидентен. Значи првите знаци се дадени.“ Вака започна излагањето на проф. д-р Никола Поповски. Понатаму, тој констатираше дека намалувањето на инфлацијата во идната година (во 2023) па и понатаму, нешто што до вчера ни било релативно умерено во рамките на едноцифрена или на граница со двоцифрената од околу 10 отсто, сега ни станало нормално. „Па дури, сега, со прогнозите за идната година во светот и особено во нашата земја дека ќе имаме инфлација мерена на годишно ниво некаде до 8, 9 или 10 отсто, ни изгледа задоволителна проекција, откако го поминуваме ова искуство каде што веќе стигнавме близу до 20 отсто, и се плашам дека почнуваме да се навикнуваме на новата нормалност…“, дополни д-р Поповски. Во таа насока, тој подвлече дека се плаши, денес, ако за успех го сметаме инфлацискиот удар во наредната година од 8 до 10 отсто и ќе мислиме дека тоа е добро.

Понатаму, беше дадена една важна препорака од проф. д-р Поповски, и тоа: „Можеби треба да се размислува, кога бараме разлика помеѓу причини и поводи за нешто, дека можеби војната во Украина е само повод за појавата на инфлацијата во светот, можеби не и директна причина.“ Имено, тој ги отвори дилемите за тоа дали предолго време економистите во светот се надевале дека инфлацијата само по себе ќе се контролира на некое ниско ниво, без надлежните да вложат дополнителни напори, како и дека ќе можат со релативно експанзивна фискална и монетарна политика да се движат економиите во светот, па и кај нас, кон бркање на економски раст, а притоа, надлежните да мислат дека инфлацијата нема да се појави.

Тука, на дебатата се постави едно важно прашање: Дали цените на стоките и услугите се тие што генерираат инфлација или инфлацијата, сепак, се генерира од емисијата на пари или од начинот и количината на понудата на пари и какава е таа меѓузависност?

Во дискусијата на претседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија, Трајан Ангелоски, беше речено дека цело време се фокусираме на инфлацијата како појава, од стојалиште на негативност, ако се имаат во предвид зголемените цени и намалувањето на куповната моќ. Меѓутоа, според него треба да се подвлече дека има повеќе погледи на целата таа работа. Имено, како што рече Ангеловски, денес на површина излегоа проблемите кои сме ги прикривале изминативе години, како што се: недоволното производство на електрична енергија, недоволното производство на храна и на одредени други производ, како и негативниот биланс во увозот и извозот… Затоа, дополни Ангеловски, денес, дојде моментот на вистината каде што сите овие бројки беа немилосрдни и ја предизвикаа оваа инфлација.

Имено, неговата анализа, преку дискусијата на панелот покажа дека еден од причинителите за ваквата инфлација во македонската економија може да се бара во преголемата изложеност на европскиот континент од производите кои се увезуваат од континентот Азија. За таа цел, тој го наведе следниов пример: ако нормална цена на бродски транспорт, чинела секогаш во минатото од 800 до 1.000 долари, наеднаш, денес, истата таа цена дојде до ниво од 7.000 до 10.000 евра. Практично, тоа, како што кажа Ангеловски, било значајна компонента на притисок врз компаниите.

Како втора, а многу значајна причина за појавата на инфлација, претседателот на комората Ангелоски, во дебатата ја наведе даночната реформа на ЕУ. Имено, тука се мисли на новиот еколошки данок, кој, ЕУ го воведе, со особен осврт на фосилните горива и на енергијата добиена од нив. Како пример, тој ги наведе цените на електричната енергија, наназад во минатото, каде таа имала цена од 50 до 60 евра за мегават на час, за наеднаш, цената да достигне високи размери од 100 до 120 евра за мегават на час. На крајот, како трета причина за појава на инфлацијата, Ангелоски ја наведе војната во Украина, која, предизвикала за зголемување на цената на гасот и храната. Од ова, тој, пред присутните го постави следното прашање: Дали, кризата треба да ја гледаме како трагедија, или, пак, кризата треба да ја гледаме како еден вид на потенцијална шанса?  

Од страна на проф. д-р Борче Треновски беше истакнато дека како експерт, ако го прашавме пред десетина година, не би имал можност да го предвиди ваквото денешно сценарио на економијата. Имено, како што кажа, денешната домашна економија се наоѓа во исклучително лошо сценарио, во кое, се содржани и инфлацијата и рецесијата, заедно.

Според проф. д-р Треновски, причинителите за ваквата денешна инфлација, започнуваат уште од 2008 година, кога, практично започнува политиката за квантитативно олеснување, каде, централните банки ги зголемувале своите биланси, а ликвидноста константно се вбризгувала во економијата. Практично, како што тој кажа, економијата многу поспоро функционирала, иако имала огромна ликвидност. Тоа, после пандемијата, доведувало до забрзување финансиските трансакции, секако и како резултат на новите начини на плаќања и движења на монетарните трансакции. Увозната зависност ни е екстремно голема, а исто е и на страната на извозот, што доведува за вакви неповолни состојби во економијата, особено со високите стапки на инфлацијата, додаде д-р Треновски. Во неговата дискусија, провејуваше констатацијата дека земјите кои имаат пониско домашно производство на храна и електрична енергија, секогаш потешко се справуваат со инфлаторната криза. Оттука,  тој ќе рече – може да се види дека различни земји, членки на ЕУ, имаат иста монетарна политика, но различно реагираат на инфлацијата и затоа имаат и различни стапки, а иако се дел на една иста европска монетарна унија. За жал, ние не можеме да влијаеме на структурата на економијата, која ја имаме сега, моментално, додава д-р Треновски.

Тања Дејаноска, од сојузот на стопанските комори на Македонија, потенцираше дека здравствениот сектор во текот на кризата бил сериозно оптоварен и дека последиците од таквата состојба се чувствувале и денес. Имено, таа се осврна и на времето кога комората имала спротивен став во поглед на реформата за зголемување на минималната плата, во споредба со владините политика, за денес, како што кажа, сето тоа да има допринос кон растот на инфлацијата.

Инфлацијата не е целосно увезена бидејќи дел од трошоците и ние внатрешно ги креиравме како што е на пример зголемувањето на минималната плата. Кризите доаѓаат една по друга а најголемиот удар е на микро, малите и средни претпријатија, околу кои се стега обрачот и неизвесно е како ќе опстојат и колку ќе опстојат до пролетта“, истакна Дејаноска.

На крајот, Бојан Цветановски, од позиција на претседател на Здружението на финансиските пазари на сите банки во Македонија – АЦИ говореше за криптовалутите, како дефлаторен феномен или ветување версус новата инфлаторна реалност. Точно е дека централните банки започнаа со политиката на квантитативно олеснување, меѓутоа инфлација во изминатите 10 години не се појави, нагласи Цветановски. Во таа насока, Цветановски направи една паралела за движењето на цената на криптовалутите во тие периоди.

 

Заклучоци од АБИТ дебатата

Како што беше подвлечено од страна на дискутантите, така, ние од АБИТ ги издвојуваме следниве 13 препораки:

Верувам во кооперацијата и координацијата помеѓу Народна банка и Министерството за финансии и дека ќе најдат сили да ја надминеме оваа криза. Клучно, во овие услови е да постои тесна координација помеѓу нив, подвлече поранешниот Гувернер, проф. д-р Љубе Трпески. Имено, тој, не е за предизвикување на рецесија, туку за благи мерки кои веќе ги презема Народна банка, а го разбира и исцрпениот буџетот, па затоа предлага да се насочи државата само кон ранливите категории на граѓани;
За проф. д-р Никола Поповски е поприфатливо да се заузда инфлацијата сериозно, па ако е потребно да опстојува една или две години мала рецесија во економијата, отколку да продолжи инфлацијата, која, со себе носи многу поголеми проблеми, а за сметка на губењето на 1 до 2 отсто од потенцијалниот раст во наредната година, кој, пак, евентуално би се претворил во 0,5 или 1 отсто негативен раст;
Исто така, според проф. д-р Поповски, во Македонија постои свесност дека моменталниот раст го одржуваме на некое ниво, кое, не значи ништо многу или изнесува од 2 до 2,5 отсто со перспективи исто толку да биде и во наредната 2023 година, но сите други индикатори во економијата ни станаа стравично лоши. Од ова, како тој заклучува, се добива еден вкупен контекст на влошување на индикаторите, во кој, може да се случи – инфлацијата висока, а индикаторите уште полоши. Затоа, може да се бара излез, барем инфлацијата да се зауздува колку што е тоа можно во наши раце;
Стопанството е секогаш една оптимистична категорија составена од луѓе и идеа. Зад ваквата теза, стојат позитивни примери на компании кои имаат донесено добра енергетска политика и се организираат во функција на намалување на високите сметки за електрична енергија. За таа цел, денес, некои од компаниите имаат нула трошоци за електрична енергија, дури некои од нив, генерираат вишоци на електрична енергија и истата ја продаваат на берзите. Истото важи и за храната. Со години, државата има погрешна земјоделска политика за субвенции, но денес има драстични промени на таа политика, каде што, субвенциите ќе се исплатуваат по реално произведена количина на харана, а не како во минатиот период на квадрат површни, заклучува Трајан Ангеловски;
Ангеловски е силно убеден дека силниот енергетски удар, кој, беше предизвикан од целата кризна состојба значајно доведе до зголемување на рамките на количеството на електрична енергија, глобално, драстично над досегашното производство, а со тоа, денес веќе се влијае и врз нова стабилизација и намалување на цената на електричната енергија на светските берзи;
Да работиме на среден рок врз структурата на економијата со цел да се донесат мерки кои би делувале на економските субјекти, на бизнисите, како и на влијанието на инфлаторните очекувања врз нив, а на краток рок, можеме само да влијаеме на однесувањето на граѓаните, порачува проф. д-р Борче Треновски;
Бизнис секторот треба да се подготви за глобално преструктурирање за периодот кој доаѓа. Во таа насока, треба да се размислува за инвестиции во фотоволтаици, но и како да се привлече нов капитал од надвор, во бизнис секторот. Тука е онаа „nearshoring (приближување) опција“ на ЕУ, каде најсилните европски економии сакаат да ги снабдуваат своите добавувачи и главни компании со клучни производи, но да бидат блиску до ЕУ. Тука е нашата голема можност и можноста за бизнис секторот, практично, се врзуваме како вагон зад една голема локомотива која вози напред, препорачува д-р Треновски;
Во оваа состојба, секој од чинителите на системот, мора да изгуби по нешто, ако сакаме да продолжиме напред во баланс, а тоа се државата, бизнисите и граѓаните. Монетарната политика треба да биде крајно внимателна во своето затегање, за да не ја довде во прашање ликвидноста и стабилноста на своите банки во системот. Од друга страна, пак, фискалната политика треба да се воздржи од непродуктивно екстремно трошење, а за сметка на тоа, таа треба да се фокусира на својата ефикасност и ефективност (во контекст на државната администрација и капиталните расходи), смета д-р Треновски;
Во 2020 година, нас, како држава не извадија услужните дејности, а ние сега некако, како да ги занемаруваме тие микро, мали и средни претпријатија, кои, се занимаваат со услужни дејност, смета Тања Дејаноска од Сојузот на стопански комори. Има компании, особено здравствени установи каде цената на електричната енергија за месец, достигнува, некаде и до 25 отсто од приходите за соодветниот месец, додава Дејаноска;
Бојан Цветановски заклучува дека за трансакциите на криптовалутите се трошат огромни количества електрична енергија, дури и колку некои помали држави целосно што трошат електрична енергија за една година, во иста мера;
Двојното покачување или дуплирањето на цената на електричната енергија, не смее да го потцени овој фактор за високата потрошувачка на електрична енергија, предизвикан од т.н. копачи на биткоини, во глобални рамки. Тоа, предизвика да се алоцираат слободните средства во обврзниците, кои поново стануваа примамливи за инвеститорите, потенцира Цветановски;
Капиталните загуби на инвеститорите во крипто-инвеститорите се огромни, што значи нема успех во заштитата на овој вид на инструменти од инфлаторните движења, дури и некои берзи имаат проблеми на исплата кон вложувачите, на крајот заклучува Цветановски; и
Општ заклучок на дебатата е следниов: фискалната и монетарната политика мора да бидат координирани.

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Изгледа како настинка, но може да биде смртоносна: Сè за новата болест која се пренесува преку крлежи

Бабезиозата е многу лесно да се помеша со летната настинка и често е асимптоматска. Експертите предупредуваат дека случаите на инфекција се значително зголемени во САД и дека бабезиозата може да биде опасна по живот. Први на удар се оние со послаб имунитет. Некои пациенти развиваат компликации како што се тромбоцитопенија... Прочитај повеќе...

Viber ги претстави новите долгоочекувани опции: Една особено ќе ги воодушеви корисниците

Сигурно случајно сте испратиле нецелосна или погрешна порака на социјалната мрежа Вибер, но сега има решение. Имено, Viber воведе нови опции кои секако ќе ги израдуваат корисниците. Сега можете да ги уредувате пораките испратени по грешка. Кога сакате да уредите порака, долго допирање на неа ќе ви даде опција да... Прочитај повеќе...

Спасовски: Заедно со претставници на македонската дијаспора и мојот драг босански колега, министерот Ненад Нешиќ, сме на прошетка низ сараевска Башчаршија

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи: Заедно со претставници на македонската дијаспора и мојот драг босански колега, министерот Ненад Нешиќ, сме на прошетка низ сараевска Башчаршија. Го слушаме гласот на секој еден наш граѓанин во странство! Време е да кажеме дека регионот на Западен Балкан станува двигател... Прочитај повеќе...

Ковачевски: Голема земја-членка на ЕУ во Собранието ќе донесе резолуција за недвосмислена потврда на македонскиот јазик и идентитет

Граѓаните дале доверба, мандат на пратениците да одлучуваат за нивно добро, нивен просперитет, а не дале глас да гледаат негативен натпревар меѓу политичарите, или ловење на политички поени токму на теми кои значат подобра иднина за истите тие граѓани, потенцира премиерот Димитар Ковачевски по одржанаата лидерска средба. -Денес можам да... Прочитај повеќе...

Земјотрес почуствуван и во Македонија – Еве во кои делови

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 7.6.2023 година во 14 часот и 26 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 280 km источно од Скопје, Република Бугарија и е со Рихтерова... Прочитај повеќе...

Прилично силен земјотрес почуствуван во Македонија, епицентарот во Бугарија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 7.6.2023 година во 14 часот и 26 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 280 km источно од Скопје, Република Бугарија и е со Рихтерова... Прочитај повеќе...

Ковачевски: Добро е што опозицијата не е против уставни измени, нам ни треба обединета Влада за европска интеграција, не за изолација

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска имаше средба со претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На средбата се разговараше за важноста сите политички партии во државата да го поддржат европскиот пат на државата, со цел да се осигура европски квалитет на живот за граѓаните дома... Прочитај повеќе...

Тешка сообраќајка во Велес, има повредени

На 06.06.2023 во 16.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Андон Шурков” во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел” со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.С.(28) од Велес и мопед „априлија” со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Велес. Во несреќата со тешки... Прочитај повеќе...

Прегазено дете итно пренесено во болница

На 06.06.2023 во 12.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Вук Караџиќ“ во Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лице(77) од с.Долно Којнаре, кумановско, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница Куманово.... Прочитај повеќе...

Излета фиат пунто со скопски таблички, млади лица итно пренесени во болница

На 06.06.2023 во 05.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Количани-с.Драчево, скопско, патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(18) од Скопје, а со телесни повреди се... Прочитај повеќе...

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,04 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута […] The post Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или со аплицирање онлајн, па така десетици граѓани од Македонија завршија со злоупотребени податоци, при што сајбер криминалците успеале да подигнат кредит во нивно име. Изминатиот период речиси секојдневно полицискиот билтен изобилува и со случаи каде измамници со туѓи лични […] The post Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се случува и кај некои дилери на автомобили кои не ја прикажуваат реалната цена на производите. Нема веќе лажни попусти, а сезонско намалување ќе има само […] The post Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до […] The post Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите кои ги спроведовме во повеќе од 300 компании и разговорите што ги имавме со повеќе од 100тина значајни личности од бизнисот и науката недвосмислено потврдуваат […] The post Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy