Ослободете се од лошата навика: Направете домашен лек за оставање на цигарите

Овој природен, домашен лек им помогнал на многумина да се ослободат од лошата навика, обидете се и вие!

Тутунскиот чад содржи преку 4.000 различни хемиски состојки. Најпозната од нив – никотинот – создава зависност.

На пазарот има бројни препарати за откажување од пушење, но ниту еден не е во целост ефикасен.

Затоа, пробајте сами да направите лек кој ќе ви помогне во одвикнувањето од оваа лоша навика:

Земете тегла мед од 1 кг и во неа изрендајте два свежи корења ѓумбир. Додајте и 1 лажичка лута пиперка. Сè добро измешајте и затворете ја теглата. Оставете да преноќи, а веќе наредниот ден лекот ќе биде подготвен за употреба.

Веднаш утрото, на празен стомак земете една лажичка, а потоа испијте шолја топол чај од камилица.

Камилицата инаку има смирувачко дејство и влијае поволно кога се наоѓаме во стресни ситуации.

Исто така, пожелно е во шолјата чај да ставите капка валеријан.

Смесата со мед консумирајте ја кога ќе почувствувате потреба за цигари. После три дена ќе почувствувате олеснување, а белите дробови ќе бидат почисти.