Отсега лесно до бугарски пасош – се менуваат правилата

Лесно до бугарски пасош – се менуваат правилата, илјадници македонци веќе добиле бугарски документи

Од 2001 година, 71 524 лица добиле бугарско државјанство во Република Македонија. Ова го изјави потпретседателката на Бугарија, Илиана Јотова, на средба во бугарската амбасада во Скопје, објавуваат бугарските медиуми.

„Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев, кој почна во јануари годинава, 1.184 Македонци добиле бугарско државјанство“, рече Јотова.

Таа во блиска иднина вети дека ќе го олесни режимот за стекнување бугарско државјанство.

„Ви ветувам дека во најскоро време ќе се олесни процедурата за добивање бугарско државјанство“, рече Јотова.