Оваа билка засекогаш ќе ја убие вашата желба за цигари и шеќер, еве што друго може
Сите знаат дека пушењето е лошо по здравјето и дека е многу тешко да го оставите. Никотинот е многу опасен и заразен. Ако сакате да го оставите пушењето, овој природен лек е најдобар за вас.
Неодамнешните истражувања спроведени во Германија, покажале дека оваа билка помага да го оставите никотинот и алкохолот и успешно ја сузбива потребата по нив. Таа ги блокира сигналите во вашиот мозок кои ви испраќаат желба за никотин. Ако сакате да го оставите пушењето, доволно е да консумирате многу мала количина…
Стевијата потекнува од Парагвај. Порано често била користена како засладувач, додека не било откриено нејзиното медицинско дејство. Можете да ја најдете во вид на течност или прашок и здраво е да ја користите во исхраната.
Стевијата исто така се препорачува за оние кои сакаат да ослабнат и да го нормализираат крвниот притисок. Добра е за дијабетичарите. Можете да ја користите и како маска за лице како би ја затегнале кожата. Добра е и против акни и како препарат против стареење.
Она што е најдобро од сè е што можете да сами да ја одгледувате. Стевијата расте во текот на цела година, но не може да цвета на студени температури. Меѓутоа, коренот останува цел и повторно расте на пролет. Засадете ја во саксија од 30 см и користете квалитетно земјиште. Нека биде под директни сончеви зраци и редовно заливајте ја да не се исуши.
Потрудете се да има доволно простор околу себе. Расте околу 40 см во висина во зависност од сезоната. Најдобро е да почекате да пројде зимата и потоа да ја засадите.
Стевијата цвета во есен, затоа можете да ги скинете малите бели цветови како би израснале нови. Во ова време билката расте и не се сите листови здрави.
Исушете ги листовите и ќе можете да ги користите доста долго. Исечете ја дршката и оставете ги само листовите. Наредете ги на некоја лесна ткаенина и исушете ги на сончевите зраци.
Листовите се сушат за еден ден. Соберете ги и ставете ги во сад. Потоа иситнете ги во прав со раце или во машина за мелење.
Чувајте го правот во добро затворен сад или тегла и засладете ги јадењата или пијалаците по желба.
Водете сметка и на тоа дека на оваа билка не и одговара влажно земјиште, за коренот да не скапи. Ако почне да венее, тогаш коренот скапува. Понекогаш и инсектите можат да бидат проблем.