Оваа држава им дава по 530 ЕВРА „Божиќен бонус“ на сите невработени!

Исланд за невработените ќе доделува божиќен бонус од 32.000 денари!

Невработените лица на Исланд оваа година ќе добијат „божиќни бонуси“ како и сите други граѓани кои имаат работа.

Министерството за социјала соопшти дека невработените лица, кои се регистрирани на бироата за вработување, ќе добијат божиќни бонуси во декември во износ од 530 евра (околу 32.000 денари).

Од Министерството навеле дека помеѓу 3.900 и 4.200 лица имаат право на божиќен бонус. Право на бонус имаат лицата кои се воделе како невработени десет или повеќе месеци во текот на 2016 година кои активно барале работа во ноември и декември.

Според официјални податоци, стапката на невработени на Исланд во септември изнесувала 1.8 отсто.