Палачинки од блендер: Десерт готов за 5 минути!

Сте слушнале ли за палачинки од блендер? Се работи за десерт кој се подготвува за само 5 минути, а поради своите состојки идеален е за оние кои внимаваат на исхраната.

Покрај тоа, вкусот е неверојатен, затоа набавете состојки и започнете со подготовка.

Состојки: 1 зрела банана; 1 шолја млеко; 2 шолји овесни снегулки; 1 јајце; 1 лажичка сода бикарбона; кокосово масло; екстракт од ванила (по желба); 1 лажица мед (по желба)

Начин на подготовка:

Во блендер разматете ги бананата, млекото и овесните снегулки. Додајте јајце и сода бикарбона, па повторно измиксајте. Ако ставате и додатоци по желба, додајте ги сега и миксајте уште неколку секунди.

Загрејте тава и на малку кокосово масло печете ги палачинките. Кога на горната страна ќе се појават меурчиња, свртете ги палачинките и печете ги на другата страна.

Послужете со свежо овошје.

На здравје!