Паника на небото: Патници снимиле како се распаѓа моторот на авион во воздух (Видео)

Авион кој летал од Сан Франциско за Хаваи морал принудно да слета, откако еден од неговите мотори почнал да се распаѓа за време на лет над Пацификот.

Патниците биле преплашени додека гледале и снимале низ прозорите. На социјалните мрежи објавени се драматични снимки од авионот.

Драмата во Боингот 777-222 почнала кога патниците и екипажот слушнале бучава околу 35 минути пред авионот да слета во Хонолулу.

Пилотот веднаш ја повикал контролата на лет и морал да изврши принудно слетување.

Во тек е истрага која треба да открие што се случило со моторот.