Пејачка поради провокативен спот доби две години затвор (Видео)

Судот во Египет осудил на две години затвор пејачка која во музички спот се појавува во долен веш, заводливо и сугестивно позирајќи со банана.

Шаима Ахмед (25) е уапсена минатиот месец откако нејзиниот спот предизвикал бес во оваа земја.

Во вторникот е прогласена за виновна поради поттикнување разврат и објавување непристоен филм. Одредена и е казна затвор од две години, а иста казна е изречена и за режисерот на контроверзниот спот.

Пред да биде уапсена, 25-годишната пејачка им се извинила на граѓаните преку Фејсбук. „Не можев ни да замислам дека ќе се случи ова и дека ќе бидам толку силно нападната“, напишала пејачката.