Планетата на праг на нова светска војна: Прашање на часови е кога моќната американска армада ќе удри на Сирија! Русите се закануваат, одговорот ќе биде моментален
Американскиот разурнувач „Доналд Кук“ опремен со крстосувачки ракети „томахавк“ се приближи на 100 километри од Тартус во Сирија, каде се наоѓа воено-поморска база на Русија.
Рускиот воен аналитичар Виктор Баранец, вели дека руските вооружени сили имаат со што да одговорат на евентуален американски напад.
Како што прецизира овој експерт во коментар во весникот Комсомољска правда, во Средоземното море се наоѓа група борбени бродови на Русија, вклучувајќи дизел-подморници вооружени со ракети „калибар“, пренесе Курир.рс.
Коалицијата на чело со САД последниве недели, пред сириската граница донела огромна воена армада. Имено, десетина стратешки бомбардери B-52 се во полна борбена готовност.
Исто така, ударни тупаници на американските сили претставуваат моќните ловци F-15, потоа ударни дронови, авиони AC-130, борбени хеликоптери „апачи“. Дури неколку стотини ловци ја опкружуваат Сирија, од море и копно. Натрупувањето моќни сили речиси не остава можност Војската на САД сега да се повлече пред заканите од Русија.
Од друга страна, во базата Хмејмим, потсетува понатаму Баранец, Русија има ловци и бомбардери вклучувајќи и неколку најнови авиони Су-57. На располагање на Русија и се „бастиони“, крајбрежни ракетни комплекси со високопрецизни противбродски ракети. „Бастиони“ се наменети за гаѓање бродови во радиус од 350 км.
Руските единици во Сирија имаат и „панцир С1“, противвоздушен ракетен комплекс за заштита од воздушни напади од блиско растојание.
Секако, истакнува аналитичарот, руските бази во Сирија ги покриваат и моментално најдобрите во светот противвоздушни комплекси С-400.
Потсетуваме, според информациите на турски „Хуријет“, на американскиот разурнувач „Доналд Кук“ барем четири пати му се приближиле руски ловци.
Но, на „Доналд Кук“ во помош му доаѓа уште еден ракетен разурнувач на САД – „Портер“ со 60 „томахавки“, за што пишува Волстрит журнал.
„Портер“ е веќе на истокот на Средоземното море, а се очекува да му се приклучи на „Кук“ за неколку дена.
Според зборовите на аналитичарите, ако американските разурнувачи овој пат лансираат ракети на воени објекти на Сирија, а таму се наоѓаат и руски воени советници, одговорот на Москва ќе биде моментален.
Да се потсетиме на предупредувањето на началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов дека руската групација во Сирија ќе ги уништи не само ракетите кои би го гаѓале Дамаск, туку и бродовите и авионите од кои ќе бидат лансирани.