Почнала да снима порничи за да собере пари за факултет

Почнала да снима порничи за да собере пари за факултет!

Мириам Викс вели дека снимала порно филмови само за да собере пари за студирање.

На 18 години влегла во порно индустријата со само една единствена цел – да собере пари за студии по право на Универзитетот Duke, бидејќи таму академска година чини 60.000 долари.

Бидејќи родителите не можеле да и го платат прескапиот факултет, вели дека ја поддржале во нејзината одлука да снима порничи додека не собере пари.

Мириам, која љубителите на порно филмови ја знаат како Belle Knox, при уписот на факултет се обидела да го сокрие својот идентитет, но наскоро колегите дознале која е таа и почнале да ја уценуваат. Првите години Мириам паднала во тешка депресија.

Денес тие денови се зад неа и ништо од тоа не ја спречило во нејзината намера да заврши факултет.

Иако признава дека ја повредиле реакциите на нејзините блиски пријатели, Мириам не ја засега што колегите зборуваат за неа, а своите факултетски обврски ги извршува на најдобар можен начин.

„Она што се наоѓа на интернет не ме одредува мене како жена и како човек“, вели Мириам која сега е пред диплома.

„Мојата приказна е само доказ дека факултетот е… прескап“, рекла идната правничка.