Подгответе се за невреме, студен бран ќе ја погоди Македонија – еве и кога
Утре преку денот ќе се задржи претежно сончево и топло време со засилен, а особено во западните делови до силен јужен ветер (над 80 км/ч).
Кон крајот на денот и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.
Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни (локално над 20л/м2).
На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од западен правец (над 70 км/час). Дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени.
Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.