Подгответе се за обилни врнежи, еве кога се очекува снежна покривка

Утре под влијание на влажен бран ќе има врнежи, кои долж Повардарието ќе бидат од дожд, во останатите делови од дожд и снег, а на планините од снег.

Пообилни ќе бидат во западните и југоисточните подрачја каде ќе наврнат над 30 л/м2.

Снежната покривка ќе се зголеми, на планините позначително. Ќе дува умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Во среда и четвток во западните и јужните делови ќе има врнежи од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Потоа времето ќе стабилно со ниски утрински температури.