Поевтинува нафтата за земјоделците – еве колку ќе чини „зелената нафта“!

– На денешната седница на Влада, поминаа измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кои што се создава и законска можност за мерката за кофинансирање на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација.

-Од оваа година земјоделците ќе користат поевтина нафта, со што ќе се намалат производствените трошоци, што е еден од условите за конкурентно земјоделско производство, објави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил.

Според планот, земјоделците ќе добијат поевтина, зелена нафта. Според проценките, цената на зелената нафта ќе биде поевтина за 50%.

Претходно беше објавено дека законските измени со кои ќе се овозможи зелена нафта предвидуваат секој земјоделец да добие електронска картичка и со неа да купува нафта на бензинските пумпи.

За 2018 година за поддршка на зелената нафта се предвидени околу 5 милиони евра.