Поларен бран ќе го зафати Балканот, но и Македонија – температури до -25 степени

Балканскиот Полуостров го зафаќа снежен бран, a веќе во Босна и Хрватска паѓа снег па така ќе продолжи и во следниот период, прогнозира метеорологот Славчо Попоски.

Уште од сабота од Арктикот кон Балканскиот Полуостров ќе се спушта поларна воздушна маса која ќе услови нови снежни врнежи, големо големување на снежната покривка и екстремно ниски температури на воздухот кој ќе се спуштат многу под нулата.

Во делови од Балканот температурите на воздухот особено на почетокот на следната недела ќе се спуштат дури и под -25°C.

„Овој поларен бран ќе ја зафати и нашата држава условувајќи најпрвин врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините. Како ќе се спушта поларниот бран се повеќе така и врнежите од дожд ќе поминуваат во снег и на ниските места“ – вели Попоски.

Според моменталните анализи во најголем дел од нашата држава ќе се формира снежна покривка.