Политичките афтершкови од земјотресот ќе го одредат победникот на изборите во Турција

Пишува: Мирјана ВАСИЛЕВА

Во Турција сега, а и подолго во претстојниот период, најважно ќе биде да се згрижи населението од катастрофалниот земјотрес, да се отвори внимателен процес за залечување на траумите од човечката трагедија, а потоа и да се санираат длабоките рани што ги предизвика оваа катаклизма.

Неизвесно е колку време ќе земат овие процеси, но аналитичарите во Турција велат дека колку и да траат, тие нема да ги одложат или исклучат афтершковите од земјотресот да се пренесат и на политичката сцена во земјата.

Земјотресот во Турција е најразорниот што ја погоди оваа земја во поново време. Според црниот биланс досега се евидентирани над 40.000 загинати, а некои експерти сметаат дека конечната бројка ќе надмине 50.000, можеби и 60.000 луѓе.

Милиони луѓе од ова природна катастрофа директно се погодени како во Турција, така и во Сирија.

Иако, се разбира ваквите катастрофи не можат да се предвидат, дел од познавачите на турските состојби се со мислење дека земјотресот се случи во најлошиот можен момент кога претседателските избори требаше да се одржат на 18 јуни. Непосредно пред земјотресот, Таип Ердоган планираше да го смени датумот и да ги спроведе порано, на 14 мај, за да може да смета на гласовите на сите оние кои можеби веќе ќе бидат на одмор во средината на јуни, како и заедно со претседателските да се спроведат и изборите за Парламентот.

Но, прашање е дали опозицијата ќе се согласи на било какво одлагање, бидејки ова за нив е шанса да го соборат од власт политичкиот пртотивник, нешто што досега им изгледаше речиси невозможно.

Како кратко потсетување да напоменеме во Турција денес има три големи политички сојузи. Првиот е „Народна алијанса“ на Ердоган, предводена од неговата Партија на правдата и развојот (AKP) со десна провинценција. Втората опција е „Националната алијанса“, која е предводена од долгогодишната главна опозициска партија, Републиканската партија (CHP), со либерално-демократска оринтација и којашто се залага за подобри односи со Европската Унија. И третата опција е „Сојузот на работа и слобода“, левичарски сојуз со цврста антикапиталистичка политика на чие чело е прокурдската Народна демократска партија (HDP), за која аналитичарите велат дека нема некои позначителни шанси да игра поголема улога на изборите.

Оттаму, велат тие, вистинската борба всушност се сведува на судирот меѓу AKP и CHP, односно меѓу Ердоган и долгогодишниот републикански лидер Кемал Килиџдароглу, кој се надева дека би можел на изборите да го победи политичкиот ривал, поради обвинувањата со кои се соочува владеачката партија за корупција и криминал, а особено деновиве по земјотресот кога на виделина испливаа сите слабости и корупција во градежниот сектор. Кога се утврди дека масовно се градело без соодветна примена на стандардите за заштита од земјотреси и тоа во земја која што е позната како исклиучително ризично трусно подрачје.

И покрај тоа што властите веќе започнаа брза потрага по виновници за катастрофалните пропусти при градењето и се уапсени повеќе од 100 лица од градежната индустрија, многу прашања повторно се отворија потсетувајки на тоа што направи, односно не направи државата по силниот земјотрес 1999-та година во кој загинаа околу 18 илјади луѓе.

Турскиот колумнист Ферај Ајтекин Ајдоган во весникот БирГун напиша: „Убиецот не е земјотресот, туку оние кои градовите ги претвораат во масовни гробници во име на урбаната трансформација, оние чии потписи се на дното на секоја градежна дозвола“.

Бројките се навистина катастрофални. Министерот за животна средина Мурат Курум изјави дека во регионот на земјотресот се уништени или тешко оштетени речиси 25.000 објекти. За многумина во Турција ова е трагично дежа-ву, бидејќи и по земјотресот во 1999 година се зборуваше за корупција и за непочитување на градежната регулатива и стандардите за градење во земјотресни подрачја.

Сега новинарите го насочуваат прстот кон врските на големите градежни компании со партијата на Ердоган AKP којашто своето владеење во голема мерка го врза за градежната експанзија на земјата и на економскиот подем што од таа го обезбеди за Турција во десетте години од водењето на државата. Врските меѓу AKP и градежната индустрија се длабоки и испреплетени, вели истакнaтиот колмунист Ајдоган, и додава дека зад турското „градежно чудо“, вусшност стојат типични причини – кратење на трошоците, алчност и корупција. Тоа беше систем кој одеше на раст по секоја цена.

Во секој случај, земјотресот во Туција и последиците од него ќе бидат главна тема на претстојните избори, кога и да се одржат, сметаат аналитичарите, и таа тема ја доведува во прашање иднината на Ердоган како прв човек на Турција.

Неговите политички противници нема да пропуштат да му стават на грев „ортаклукот“ со градежната мафија, како и катастрофалните политики кога за време на неговото владеење огромен број новоизградени објекти беа „легализирани“, иако не ги исполнуваа стандардите за градење.
Сега се објавуваат бројки според кои повеќе од половина од 13-те милиони згради во Турција изградени во периодот од 2007 до 2018 година не се почитувале прописите, а од нивната „легализација“ биле наплатени преку 3 милијарди долари.

Од друга страна познавачите на политичката сцена во Турција велат дека сега Ердоган, иако исклучително тешко ќе може да ги избегне катастрофалниот земјотрес и огромниот, трагичен број жртви, ќе „игра“ на единствените две карти што му преостануваат, а тоа е неговата улога во помирувањето меѓу Анкара и Дамаск во Сирија, и онаа што тој многу повеќе сами си ја презеде отколку што му беше доделена, да биде посредник меѓу Москва и Киив во постигнувањето примирје меѓу Украина и Русија.

Многу тешко е некој да помисли дека овие улоги на Ердоган можат да ги „покријат“ гревовите на неговата власт во однос на катастрофалниот земјотрес, но прашање е дали тој така мисли и каква стратегија ќе подготви за да одговори на нападите сега кога е ставен на „отворен оган“ на опозицијата и на јавноста во пресрет на изборите во Турција.

извор Рацин.мк

Топ вести – powered by Centar.mk

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Во ИТ секторот фрчат отпутања: Проценките се дека досега без работа останале до половина милион луѓе

Продолжуваат масовните отпуштања во ИТ секторот, речиси сите големи компании поделија голем број отпуштања од почетокот на годинава. Со тоа го продолжија трендот кој започна на почетокот на минатата година, имено, одамна заврши ерата на голем раст на компаниите, а приспособувањето кон новите услови првенствено се врши преку отпуштања, објави... Прочитај повеќе...

Исклучете ги: овие уреди трошат многу електрична енергија дури и кога не ги користите

Кризата за трошоците на животот продолжува да влијае на домаќинствата, така што луѓето бараат различни начини да заштедат пари каде и да можат. Од паметно користење на греењето до следење на употребата на вашите кујнски апарати, има многу мали промени што можете да ги направите кои би можеле да ви... Прочитај повеќе...

Времето драстично се менува, синоптичарите најавуваат дожд, грмежи, ветер, а некаде и снег – Детална четиридневна прогноза

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места... Прочитај повеќе...

Полицаец вознемирувал ученички во средно училиште во Скопје

На 24.03.2023 добиена е пријава од средно училиште во Скопје дека полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички. Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а против лицето ќе биде поведена и постапка за... Прочитај повеќе...

Експлодира плинска боца во Карпош, полицаец заврши во болница

На 24.03.2023 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Разловечко Востание“ во стан сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на... Прочитај повеќе...

Ужас: Приведени мажи за силување на девојче помало од 14 години во Струга

Двајца повозрасни мажи и еден малолетник се приведени во Струга под сомнеж за полов напад врз малолетничка помала од 14 години. СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени жители на селата Враништа, Драслајца и Моришта на возраст од 57, 69 и 17 години. Полицијата соопшти дека нападот го пријавил... Прочитај повеќе...

Пари, среќа, нови можности: Три хороскопски знаци ќе доживеат голем успех во април

Откријте според хороскопот кого ќе го „грее сонце“ во април, кои три знаци ќе имаат најмногу среќа на полето на љубовта, работата и финансиите! Според астрологијата и во однос на тоа како се „порамниле“ ѕвездите, некои хороскопски знаци имаат поголеми шанси за успех и среќа во одредени периоди. Така, во... Прочитај повеќе...

Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени

Членот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција, Артан Груби пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата во Мала Речица истакна дека „знае дека има пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени“. Од денеска сметам дека треба да почнеме со нашите напори, повикувајќи ја... Прочитај повеќе...

СДСМ: Броењето пратеници му е слаба страна на Мицкоски, во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат

Соопштение на СДСМ: Броењето пратеници на Христијан Мицкоски му е многу слаба страна. Тоа го покажал неколку пати досега. Исто како што велеше дека има 61 пратеник за распуштање на Собранието и избори во мај. Очајни се овие обиди на Мицкоски, погрешната математика и штанцањето нови измислици ќе му се... Прочитај повеќе...

Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број значително се зголеми од првата година на пандемијата COVID-19, во која 33 отсто од студентите размислуваа да го напуштат студирањето... Прочитај повеќе...

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката. Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална […] The post Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз […] The post Замрзнати цените на јајцата и оризот appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: • За пензии […] The post МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ

Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените. Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза. Тие рекоа дека постои јасна... Прочитај повеќе Чланак ШОК истражување: Еве дали КАФЕТО ГИ НАМАЛУВА ГРАДИТЕ се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика

Осаменоста е вообичаено чувство, но има чекори што можете да ги преземете за да се чувствувате подобро. Слушањето музика, викањето пријатели, шетањето надвор и други активности може да го намалат ова непријатно чувство. Долгорочната осаменост може да ве исцрпи емоционално, правејќи го животот да изгледа потежок отколку што навистина е. Запомнете дека осаменоста не е... Прочитај повеќе Чланак 5 работи што треба да ги правите кога се чувствувате осамено: Започнете со пуштање музика се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Generated by Feedzy